Охрид, 28. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress го започна проектот „Охрид во 10“, во рамките на кој Ви нуди дневна фотографија од Охрид снимена од една точка, која го прикажува во неговата комплетна раскош и убавина.
– Идејата е да го видиме Охрид од една точка на сонце, снег, дожд, по убаво и по лошо време, како потврда за неговата безвременска убавина. Одбравме една точка која е исклучително препознатлива и го прикажува токму онаков каков што е – древен и прекрасен, но во исто време град во кој живеат луѓе кои се нераскинлив дел од светот и модерниот начин на живот. Исто така ќе се регистрираат и најважните настани кои го одбележале секој ден и ќе биде како еден календар на живеењето на градот во 2017-та година. Сакаме на крајот сетоа тоа да го издадеме и во групна – принтана форма, но за тоа на крајот на следната година, велат од Супер радио, кои се носители на проектот.
Охрид во 10 на 28.03.2017 година
Проектот „Охрид во 10“, покрај на Facebook, веќе доби и сопствена веб страна, а фотографиите секој ден ќе бидат објавувани и на информативниот портал OhridPress. (Крај)
инфо: 28.03.2017 година
– Објавена e снимката од првата елиминациона аудиција на Ohrid SUPERSTAR
– Здружение ЕДЕН по одржаните средби, констатираше дека постојат еко-проблеми во Охрид, а владее неусогласеност на законите
– Охридскиот екологист Лазо Наумоски вели дека проблемите на градот Охрид и целото сливно подрачје имаат предност за решавање
– Оштетени двојазични табли на охридскиот фонд за здравство
– Проектот „Јакнење на граѓанскиот активизам преку медиумска писменост“ ќе се спроведува во Охрид
– Наставници од стручно училиште од Истанбул беа во посета на ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“
– Во Скопје ќе се отвори изложба за охриѓанецот Борис Чипан– „По трагите на еден модернист“
– Членови на Таеквондо клубот „Хваранг Фист“ од Охрид освоија бројни медали на турнир во Скопје
– Охридски бармени учествуваат на 10-то Државно првенство во Скопје