мај 3, 2017

Охрид, 3. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress го започна проектот „Охрид во 10“, во рамките на кој Ви нуди дневна фотографија од Охрид снимена од една точка, која го прикажува во неговата комплетна раскош и убавина.

– Идејата е да го видиме Охрид од една точка на сонце, снег, дожд, по убаво и по лошо време, како потврда за неговата безвременска убавина. Одбравме една точка која е исклучително препознатлива и го прикажува токму онаков каков што е – древен и прекрасен, но во исто време град во кој живеат луѓе кои се нераскинлив дел од светот и модерниот начин на живот. Исто така ќе се регистрираат и најважните настани кои го одбележале секој ден и ќе биде како еден календар на живеењето на градот во 2017-та година. Сакаме на крајот сетоа тоа да го издадеме и во групна – принтана форма, но за тоа на крајот на следната година, велат од Супер радио, кои се носители на проектот.


IMG_1406_G
Охрид во 10 на 03.05.2017 година

Проектот „Охрид во 10“, покрај на Facebook, веќе доби и сопствена веб страна, а фотографиите секој ден ќе бидат објавувани и на информативниот портал OhridPress

инфо: 03.05.2017 година

– Светски ден на слобода на медиумите, локалните медиуми поставени пред секојдневни егзистенционални предизвици

Вооружени бегалци му се заканувале на охриѓанец и го ограбиле

Накит и пари украдени од куќа во Охрид

– Започнаа уписите за првачиња во охридските училишта, од образовните институции  се надеваат дека и во учебната 2017/2018 година ќе биде во нагорна линија бројот на деца, кои прв пат ќе седнат во училишните клупи

– Се уредуваше крошната на чинарот во Кошишта

– Денес имаше неколку часовен прекин на вода  на улицата „Климентов Универзитет“

– Странските туристи се првите капачи за сезонава

– Започна 19-то издание на фестивалот „Распеано рибарче“, уметничкиот директор Методија Бараковски вели дека педагозите ги насочуваат децата, а тие самите постигнуваат успех во музиката

Hardwell и Afrojack официјално ги најавија нивните настапи на фестивалот „Охрид колинг 2017“

– Охриѓанката Мироска прва во скок во далечина на Меѓународниот атлетски митинг во Бар

– Карате клубот „Чоле“ освои 4 медали на државното првенство во Охрид за деца до 13 години

– Охридските фудбалски надежи од клубот „Фер Плеј” се вратија со три шампионски пехари од четвртиот интернационален фудбалски турнир „Талент Куп”, што се одржа во Дубровник

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука