Охрид, 5. јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress го спроведува проектот „Охрид во 10“, во рамките на кој Ви нуди дневна фотографија од Охрид снимена од една точка, која го прикажува во неговата комплетна раскош и убавина.
– Идејата е да го видиме Охрид од една точка на сонце, снег, дожд, по убаво и по лошо време, како потврда за неговата безвременска убавина. Одбравме една точка која е исклучително препознатлива и го прикажува токму онаков каков што е – древен и прекрасен, но во исто време град во кој живеат луѓе кои се нераскинлив дел од светот и модерниот начин на живот. Исто така ќе се регистрираат и најважните настани кои го одбележале секој ден и ќе биде како еден календар на живеењето на градот во 2017-та година. Сакаме на крајот сетоа тоа да го издадеме и во групна – принтана форма, но за тоа на крајот на следната година, велат од Супер радио, кои се носители на проектот.
Охрид во 10 на 05.07.2017 година
Проектот „Охрид во 10“, покрај на Facebook, веќе доби и сопствена веб страна, а фотографиите секој ден ќе бидат објавувани и на информативниот портал OhridPress
инфо: 05.07.2017 година
– Метео: Денес сончево и топло, во Охрид до 28 степени
– Пет земјотреси ноќеска во Охрид, последниот од 3,8 степени во 06:29 часот
– OhridPress со преку 10.000 следбеници на Facebook
– Со концерт на „Танец“ утревечер се отвора 56-от Балкански фестивал
– Воениот камп во Свети Наум ги отвори вратите за сместување на граѓаните вознемирени од земјотресите
– Повторен судски процес за убиството на Димитар Матилоски
– Пораст на бројот на повици во Брзата помош поради земјотресите
– Наумоски: Со пошумување на Галичица до постабилно истекување на подземните води и помалку земјотреси
– Закажано, па одложено годинешното „Бело лето“
– „Форплеј“ следната среда го отвораат 57-то „Охридско лето“