февруари 6, 2017

Охрид, 6. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress го започна проектот „Охрид во 10“, во рамките на кој Ви нуди дневна фотографија од Охрид снимена од една точка, која го прикажува во неговата комплетна раскош и убавина.

– Идејата е да го видиме Охрид од една точка на сонце, снег, дожд, по убаво и по лошо време, како потврда за неговата безвременска убавина. Одбравме една точка која е исклучително препознатлива и го прикажува токму онаков каков што е – древен и прекрасен, но во исто време град во кој живеат луѓе кои се нераскинлив дел од светот и модерниот начин на живот. Исто така ќе се регистрираат и најважните настани кои го одбележале секој ден и ќе биде како еден календар на живеењето на градот во 2017-та година. Сакаме на крајот сетоа тоа да го издадеме и во групна – принтана форма, но за тоа на крајот на следната година, велат од Супер радио, кои се носители на проектот.

IMG_8126
Охрид во 10 на 06.02.2017 година

Проектот „Охрид во 10“, покрај на Facebook, веќе доби и сопствена веб страна, а фотографиите секој ден ќе бидат објавувани и на информативниот портал OhridPress. (Крај)

инфо: 06.02.2017 година

Најавен нов циклус на семинари за годинава во Охрид и други градови, неменет за медијацијата како начин на решавање на споровите.

– ОУ „Григор Прличев“ вечерва ќе потпише Меморандум за соработка со Гете Институтот – Скопје.

Нема промени на цените во угостителството.

– Oд полноќ се очекува поскапување на горивата.

– Се одржа книжевен портрет на македонскиот и светски познат поет Јовица Тасевски – Етернијан во рамките на Прличевите честувавања.

– Вечерва во Скопје ќе се одржи промоција на поштенски марки со мотиви на Охрид и  Санкт Петербург.

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука