Скопје/Струга, 28. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Владата на Република Македонија, на првата седница го укина факултетот за здравствени науки во Струга.
– Меѓународниот универзитет во Струга (МУС) не може да основа Факултет за здравствени науки. Донесената одлука од претходното владино раководство е поништена, а информацијата беше потврдена денеска на првата седница на новата Влада, стои во официјалното соопштение.
Сопственикот на Универзитетот Армен Кадриу, неодамна во интервју за Al Jaazera Balkans изјави дека во октомври ќе започнат со настава на факултетот за медицински сестри, а ако некој сакал да практикува сајоволие и дневна политика, ќе поднеселе тужби со оштетни побарувања.
– Ако државата сака да ни наштети по секоја цена и преку вас медиумите да прави притисок и да го кочи проектот на МУС, ние со нашите партнери од Европска асоцијација на Универзитети, конкретно Медицинскиот универзитет во Сегит, ќе продолжиме да работиме во таа насока. До сега од одборот за Акредитација, немаме добиено никаво решение, освен она што го слушаме и читаме по медиумите, но и претходно читавме дека МУС нема право да запишуваме студенти и дека сме добиле негативно решение, но испадна дека лажат и дека сме добиле позитивно решение, па го поништиле. Второ, нема надлежност одборот за акредитација да поништува Решение за акредитација. Ексклузивна надлежност законска за такво нешто е на Министер за образование и наука, вели Кадриу. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Повеќе на темата: