февруари 11, 2021

Охрид, 11. февруари 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во полн ек е годинешната кампања „Ги запознаваме ретките болести 2021“, која оваа година го има своето трето по ред издание.

Скулптурата „Фаќач на крст“ во центарот на Охрид вечерва блесна во боите на ретките болести.

– Вечерва во Охрид во боите на ретките болести блесна и познатата скулптура „Фаќач на крст“. Охрид ќе блеска 28 дена во боите на ретките болести, напиша на нејзиниот профил на Facebook иницијаторот на кампањата, охридскиот активист Гордана Лолеска.

ВО ЖИВО: Самуиловата тврдина осветлена во боите на ретките болести

Претходно, во знак на поддршка на лицата со ретки болести, во месецот кој е посветен на нив, блеснаа и Самуиловата тврдина и Историскиот архив во Охрид, а нуркачите од Центарот „Акватек“ ја осветлија старата дрвена шина за кревање на бродовите за репарација и одржување на дното на Охридското Езеро во боите на РЕТКИТЕ.

Во Македонија има 575над 1 500 неевидентирани лица со ретки болести

Неодамна беше одбележан стартот на кампањата „Ги запознаваме ретките болести“, која оваа година ја бележи третата сезона. Со нови 28 ретки дијагнози во аудио, видео и текстуална форма, во месецот со најмалку дена во годината, во месецот кој пациентите со ретки болести го викаат „свој“, месецот кој е редок по своите ретки 28 дена, и оваа година ќе се обидеме поблиску да Ве запознаеме со ретките болести.

Кампањата на OhridPress можете да ја следите ОВДЕ. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Гордана Лолеска

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука