Избор ОБРАЗОВАНИЕ Струга ТОП ВЕСТИ

Владата на првата седница го укина факултетот за здравствени науки во Струга

Скопје/Струга, 28. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Владата на Република Македонија, на првата седница го укина факултетот за здравствени науки во Струга.

– Меѓународниот универзитет во Струга (МУС) не може да основа Факултет за здравствени науки. Донесената одлука од претходното владино раководство е поништена, а информацијата беше потврдена денеска на првата седница на новата Влада, стои во официјалното соопштение.

Сопственикот на Универзитетот Армен Кадриу, неодамна во интервју за Al Jaazera Balkans изјави дека во октомври ќе започнат со настава на факултетот за медицински сестри, а ако некој сакал да практикува сајоволие и дневна политика, ќе поднеселе тужби со оштетни побарувања.

– Ако државата сака да ни наштети по секоја цена и преку вас медиумите да прави притисок и да го кочи проектот на МУС, ние со нашите партнери од Европска асоцијација на Универзитети, конкретно Медицинскиот универзитет во Сегит, ќе продолжиме да работиме во таа насока. До сега од одборот за Акредитација, немаме добиено никаво решение, освен она што го слушаме и читаме по медиумите, но и претходно читавме дека МУС нема право да запишуваме студенти и дека сме добиле негативно решение, но испадна дека лажат и дека сме добиле позитивно решение, па го поништиле. Второ, нема надлежност одборот за акредитација да поништува Решение за акредитација. Ексклузивна надлежност законска за такво нешто е на Министер за образование и наука, вели Кадриу. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

Повеќе на темата:

Кадриу: На Меѓународниот Универзитет во Струга во октомври почнуваме со настава на факултетот за медицински сестри, ако некој сака да практикува самоволие и дневна политика, ќе поднесеме тужби со оштетни побарувања

Меѓународниот универзитет на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко доби дозвола да основа Факултет за здравствени науки

Медицинскиот Факултет на Меѓународниот Универзитет во Струга нема да започне со работа се’ додека не се исполнат условите за акредитација на студиските програми

Поништена акредитацијата за основање на Факултет за здравствени науки на Меѓународниот универзитет во Струга 

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука