јануари 19, 2017

Охрид, 19. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress го започна проектот „Охрид во 10“, во рамките на кој Ви нуди дневна фотографија од Охрид снимена од една точка, која го прикажува во неговата комплетна раскош и убавина.

– Идејата е да го видиме Охрид од една точка на сонце, снег, дожд, по убаво и по лошо време, како потврда за неговата безвременска убавина. Одбравме една точка која е исклучително препознатлива и го прикажува токму онаков каков што е – древен и прекрасен, но во исто време град во кој живеат луѓе кои се нераскинлив дел од светот и модерниот начин на живот. Исто така ќе се регистрираат и најважните настани кои го одбележале секој ден и ќе биде како еден календар на живеењето на градот во 2017-та година. Сакаме на крајот сетоа тоа да го издадеме и во групна – принтана форма, но за тоа на крајот на следната година, велат од Супер радио, кои се носители на проектот.

IMG_7853
Охрид во 10 на 19.01.2017 година

Проектот „Охрид во 10“, покрај на Facebook, веќе доби и сопствена веб страна, а фотографиите секој ден ќе бидат објавувани и на информативниот портал OhridPress. (Крај)

инфо: 19.01.2017 година

Петар Рупески по 4-ти пат го фати крстот во осветените води во Охрид

– Годинава по 6-ти пат имаше групно крштевање на православните верници на Сараиште, каде се покристија 12 граѓани

– Охрид исполнет со верници и претежно домашни туристи, кои го проследија Богојавленскиот чин

– Охридските „Тамаро“ маркети и Супер радио денес организираа хуманитарна акција за помош на Трајан Целески-Тачо

– Вечерва охридска премиера на драматизацијата на „Дениција“ од Петре М. Андреевски

– Четкар на Џава Џез Фестивалот ќе настапува заедно со познати музички имиња: Чик Кореа, Инкогнито, Сандовал…

– Охриѓанецот Бобан Павловски го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

– Сообраќајка кај Рача, повредено едно лице

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука