февруари 14, 2017

Охрид, 14. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress го започна проектот „Охрид во 10“, во рамките на кој Ви нуди дневна фотографија од Охрид снимена од една точка, која го прикажува во неговата комплетна раскош и убавина.

– Идејата е да го видиме Охрид од една точка на сонце, снег, дожд, по убаво и по лошо време, како потврда за неговата безвременска убавина. Одбравме една точка која е исклучително препознатлива и го прикажува токму онаков каков што е – древен и прекрасен, но во исто време град во кој живеат луѓе кои се нераскинлив дел од светот и модерниот начин на живот. Исто така ќе се регистрираат и најважните настани кои го одбележале секој ден и ќе биде како еден календар на живеењето на градот во 2017-та година. Сакаме на крајот сетоа тоа да го издадеме и во групна – принтана форма, но за тоа на крајот на следната година, велат од Супер радио, кои се носители на проектот.

IMG_8308
Охрид во 10 на 14.02.2017 година

Проектот „Охрид во 10“, покрај на Facebook, веќе доби и сопствена веб страна, а фотографиите секој ден ќе бидат објавувани и на информативниот портал OhridPress. (Крај)

инфо: 14.02.2017 година

– Денес свечено ќе биде ставено во употреба новото осветлување во црквата Св. Богородица Перивлепта.

– Од денес во Охрид започнува Обуката на тема: „Обука на обучувачи – Слобода на изразување од чл.10 од Европската конвенција за човекови права“.

– Во Охрид има 144 угостителски објекти, покажуваат резултатите од направениот најнов попис на капацитетите во угостителството, кој го спроведе Државниот завод за статистика.

Собирачите на народни умотворби забележале бројни обичаи и верувања за празникот Свети Трифун во Охрид.

– Започна втората сезона на  проектот „Училишни игри без граници“ во охридските училишта.

– На пазарот на капитал во делот на намалување на хартиите од вредност, Хотели „Метропол“ Охрид бележат пад на акциите за 3,25 %.

– Охрид доминира во полицискиот билтен, неколку лица фатени со дрога, во сообраќајка повредена постара жена.

– Inside Auto, охридскиот дилер на возилата на Citroën, кој под слоганот „Од Citroën со љубов“ организира целодневно бесплатно такси-возење во чест на празникот Св. трифун и Денот на вљубените  во соработка со Супер радио.

– Маја и Александар Кироски уживаа во „Совршениот ден“, во чест на празникот Св. Трифун и Денот на вљубените, во организација на  охридските „Тамаро“ маркети и „Тиквеш“.

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука