Охрид, 07. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress го започна проектот „Охрид во 10“, во рамките на кој Ви нуди дневна фотографија од Охрид снимена од една точка, која го прикажува во неговата комплетна раскош и убавина.
– Идејата е да го видиме Охрид од една точка на сонце, снег, дожд, по убаво и по лошо време, како потврда за неговата безвременска убавина. Одбравме една точка која е исклучително препознатлива и го прикажува токму онаков каков што е – древен и прекрасен, но во исто време град во кој живеат луѓе кои се нераскинлив дел од светот и модерниот начин на живот. Исто така ќе се регистрираат и најважните настани кои го одбележале секој ден и ќе биде како еден календар на живеењето на градот во 2017-та година. Сакаме на крајот сетоа тоа да го издадеме и во групна – принтана форма, но за тоа на крајот на следната година, велат од Супер радио, кои се носители на проектот.
Охрид во 10 на 07.04.2017 година
Проектот „Охрид во 10“, покрај на Facebook, веќе доби и сопствена веб страна, а фотографиите секој ден ќе бидат објавувани и на информативниот портал OhridPress. (Крај)
инфо: 07.04.2017 година
– На гости во Супер радио беа финалистите на Ohrid SUPERSTAR – Емилија Петровска, Андреа Јованоска и танчерите од групата „The Passengers“
– Во Охрид имаше краток прекин на електрична енергија
– Во март во Охрид температурата на воздухот била за три степени над просекот
– Православните верници го одбележуваат празникот Благовештение на Пресвета Богородица
– Вечерва и во понеделник, концерти на ОМУ „Методи Патче“, а интересот за запишување на ученици секоја година е на високо ниво
– Лица од Албанија биле ограбени во Охрид
– Кривична пријава за охриѓанец поради напад на полицаец
– Пронајдено е лицето кое го опожарило возилото на улицата „Климентов Универзитет“