Охрид, 22. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress го започна проектот „Охрид во 10“, во рамките на кој Ви нуди дневна фотографија од Охрид снимена од една точка, која го прикажува во неговата комплетна раскош и убавина.
– Идејата е да го видиме Охрид од една точка на сонце, снег, дожд, по убаво и по лошо време, како потврда за неговата безвременска убавина. Одбравме една точка која е исклучително препознатлива и го прикажува токму онаков каков што е – древен и прекрасен, но во исто време град во кој живеат луѓе кои се нераскинлив дел од светот и модерниот начин на живот. Исто така ќе се регистрираат и најважните настани кои го одбележале секој ден и ќе биде како еден календар на живеењето на градот во 2017-та година. Сакаме на крајот сетоа тоа да го издадеме и во групна – принтана форма, но за тоа на крајот на следната година, велат од Супер радио, кои се носители на проектот.
Охрид во 10 на 22.04.2017 година
Проектот „Охрид во 10“, покрај на Facebook, веќе доби и сопствена веб страна, а фотографиите секој ден ќе бидат објавувани и на информативниот портал OhridPress.
инфо: 22.04.2017 година
– Охридското INSIDE интернет кафе пред најмладите ја промовираше брошурата за заштита на интернет
– Еколозите со предупредување дека охридскиот крап со години е цел на безмилосно ловење
– Климент Србиноски во интервју за Супер радио: „Тамаро“ маркети се пример за добра проценка на патот на успехот
– Заклучоци од 18-та конференција во Охрид на Македонска берза: Состојбите на берзанското тргување во Македонија се задоволителни
– На саемот за туризам во Косово, ставен акцент на Охрид како дестинација
– Проф. д-р Рубин Земон: Раскинатите научни врски помеѓу универзитетите од земјите на поранешна Југославија, се обновуваат со големи напори
– Прва сабота по Велигден – посветена на покојните