Охрид, 29. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress го започна проектот „Охрид во 10“, во рамките на кој Ви нуди дневна фотографија од Охрид снимена од една точка, која го прикажува во неговата комплетна раскош и убавина.
– Идејата е да го видиме Охрид од една точка на сонце, снег, дожд, по убаво и по лошо време, како потврда за неговата безвременска убавина. Одбравме една точка која е исклучително препознатлива и го прикажува токму онаков каков што е – древен и прекрасен, но во исто време град во кој живеат луѓе кои се нераскинлив дел од светот и модерниот начин на живот. Исто така ќе се регистрираат и најважните настани кои го одбележале секој ден и ќе биде како еден календар на живеењето на градот во 2017-та година. Сакаме на крајот сетоа тоа да го издадеме и во групна – принтана форма, но за тоа на крајот на следната година, велат од Супер радио, кои се носители на проектот.
Охрид во 10 на 29.04.2017 година
Проектот „Охрид во 10“, покрај на Facebook, веќе доби и сопствена веб страна, а фотографиите секој ден ќе бидат објавувани и на информативниот портал OhridPress
инфо: 29.04.2017 година
– Метеоролозите за денес најавија облачно време со повремени врнежи од дожд
– Раздвижено низ плоштадот и чаршијата во Охрид, викенд гостите ги пополнија капацитетите во Охрид
– Цивил медиа во Охрид ја претставија Граѓанската повелба за реафирмирање на човековите права и слободи
– РСБСП упатува совети до сите учесници во сообраќајот за време на продолжениот празничен викенд
– ФЗОМ: Охрид и понатаму со мал процент на искористеност на боледување од страна на татковци
– И годинава ќе се организира Балканска математичка олимпијада во Охрид
– Денес шесто по ред издание на фестивалот „Truck and Roll“
– String Forces вечерва во Охрид го промовираат албумот „Соголи ме“
– Нова епизода од „Импровокација“