Охрид, 2. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress го започна проектот „Охрид во 10“, во рамките на кој Ви нуди дневна фотографија од Охрид снимена од една точка, која го прикажува во неговата комплетна раскош и убавина.
– Идејата е да го видиме Охрид од една точка на сонце, снег, дожд, по убаво и по лошо време, како потврда за неговата безвременска убавина. Одбравме една точка која е исклучително препознатлива и го прикажува токму онаков каков што е – древен и прекрасен, но во исто време град во кој живеат луѓе кои се нераскинлив дел од светот и модерниот начин на живот. Исто така ќе се регистрираат и најважните настани кои го одбележале секој ден и ќе биде како еден календар на живеењето на градот во 2017-та година. Сакаме на крајот сетоа тоа да го издадеме и во групна – принтана форма, но за тоа на крајот на следната година, велат од Супер радио, кои се носители на проектот.
Охрид во 10 на 02.05.2017 година
Проектот „Охрид во 10“, покрај на Facebook, веќе доби и сопствена веб страна, а фотографиите секој ден ќе бидат објавувани и на информативниот портал OhridPress
инфо: 02.05.2017 година
– Денес во Охрид преовладуваше сончево време, температурите во пораст
– На охридскиот аеродром пристигна првиот сезонски лет за 2017 од Амстердам
– Светлана Вељаноска, учесник во шоуто Ohrid SUPERSTAR во интервју за Супер радио вели: Музиката во мојот живот е хоби, а во иднина се надевам дека ќе биде и професија
– Се одржа предавање со претставници од Царинска управа на Факултетот за Туризам и Угостителство
– Денот на реката Дрим годинава со активности и во Охрид
– Охридските матуранти се подготвуваат за играње на „Квадрилот”
– Црвен крст Охрид објави литературен и ликовен конкурс на тема „Хуманоста во заштита на човековото добро и достоинство“
– Од утре до 5 мај во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид ќе се одржи 19 –то издание на фестивалот на детска песна „Распеано рибарче 2017“
– Од полноќ намалување на цените на нафтените деривати
– Жител на Вевчани бесправно градел во Охрид