Охрид, 3. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress го започна проектот „Охрид во 10“, во рамките на кој Ви нуди дневна фотографија од Охрид снимена од една точка, која го прикажува во неговата комплетна раскош и убавина.
– Идејата е да го видиме Охрид од една точка на сонце, снег, дожд, по убаво и по лошо време, како потврда за неговата безвременска убавина. Одбравме една точка која е исклучително препознатлива и го прикажува токму онаков каков што е – древен и прекрасен, но во исто време град во кој живеат луѓе кои се нераскинлив дел од светот и модерниот начин на живот. Исто така ќе се регистрираат и најважните настани кои го одбележале секој ден и ќе биде како еден календар на живеењето на градот во 2017-та година. Сакаме на крајот сетоа тоа да го издадеме и во групна – принтана форма, но за тоа на крајот на следната година, велат од Супер радио, кои се носители на проектот.
Охрид во 10 на 03.05.2017 година
Проектот „Охрид во 10“, покрај на Facebook, веќе доби и сопствена веб страна, а фотографиите секој ден ќе бидат објавувани и на информативниот портал OhridPress
инфо: 03.05.2017 година
– Светски ден на слобода на медиумите, локалните медиуми поставени пред секојдневни егзистенционални предизвици
– Вооружени бегалци му се заканувале на охриѓанец и го ограбиле
– Накит и пари украдени од куќа во Охрид
– Започнаа уписите за првачиња во охридските училишта, од образовните институции се надеваат дека и во учебната 2017/2018 година ќе биде во нагорна линија бројот на деца, кои прв пат ќе седнат во училишните клупи
– Се уредуваше крошната на чинарот во Кошишта
– Денес имаше неколку часовен прекин на вода на улицата „Климентов Универзитет“
– Странските туристи се првите капачи за сезонава
– Започна 19-то издание на фестивалот „Распеано рибарче“, уметничкиот директор Методија Бараковски вели дека педагозите ги насочуваат децата, а тие самите постигнуваат успех во музиката
– Hardwell и Afrojack официјално ги најавија нивните настапи на фестивалот „Охрид колинг 2017“
– Охриѓанката Мироска прва во скок во далечина на Меѓународниот атлетски митинг во Бар
– Карате клубот „Чоле“ освои 4 медали на државното првенство во Охрид за деца до 13 години
– Охридските фудбалски надежи од клубот „Фер Плеј” се вратија со три шампионски пехари од четвртиот интернационален фудбалски турнир „Талент Куп”, што се одржа во Дубровник