јули 5, 2017

Охрид, 5. јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress го спроведува проектот „Охрид во 10“, во рамките на кој Ви нуди дневна фотографија од Охрид снимена од една точка, која го прикажува во неговата комплетна раскош и убавина.

– Идејата е да го видиме Охрид од една точка на сонце, снег, дожд, по убаво и по лошо време, како потврда за неговата безвременска убавина. Одбравме една точка која е исклучително препознатлива и го прикажува токму онаков каков што е – древен и прекрасен, но во исто време град во кој живеат луѓе кои се нераскинлив дел од светот и модерниот начин на живот. Исто така ќе се регистрираат и најважните настани кои го одбележале секој ден и ќе биде како еден календар на живеењето на градот во 2017-та година. Сакаме на крајот сетоа тоа да го издадеме и во групна – принтана форма, но за тоа на крајот на следната година, велат од Супер радио, кои се носители на проектот.

IMG_2443
Охрид во 10 на 05.07.2017 година

Проектот „Охрид во 10“, покрај на Facebook, веќе доби и сопствена веб страна, а фотографиите секој ден ќе бидат објавувани и на информативниот портал OhridPress

инфо: 05.07.2017 година

Метео: Денес сончево и топло, во Охрид до 28 степени

– Пет земјотреси ноќеска во Охрид, последниот од 3,8 степени во 06:29 часот

– OhridPress со преку 10.000 следбеници на Facebook

– Со концерт на „Танец“ утревечер се отвора 56-от Балкански фестивал

Воениот камп во Свети Наум ги отвори вратите за сместување на граѓаните вознемирени од земјотресите

– Повторен судски процес за убиството на Димитар Матилоски

– Пораст на бројот на повици во Брзата помош поради земјотресите

– Наумоски: Со пошумување на Галичица до постабилно истекување на подземните води и помалку земјотреси

– Закажано, па одложено годинешното „Бело лето

– „Форплеј“ следната среда го отвораат 57-то „Охридско лето

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука