септември 1, 2017

Охрид, 1. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress го спроведува проектот „Охрид во 10“, во рамките на кој Ви нуди дневна фотографија од Охрид снимена од една точка, која го прикажува во неговата комплетна раскош и убавина.

– Идејата е да го видиме Охрид од една точка на сонце, снег, дожд, по убаво и по лошо време, како потврда за неговата безвременска убавина. Одбравме една точка која е исклучително препознатлива и го прикажува токму онаков каков што е – древен и прекрасен, но во исто време град во кој живеат луѓе кои се нераскинлив дел од светот и модерниот начин на живот. Исто така ќе се регистрираат и најважните настани кои го одбележале секој ден и ќе биде како еден календар на живеењето на градот во 2017-та година. Сакаме на крајот сетоа тоа да го издадеме и во групна – принтана форма, но за тоа на крајот на следната година, велат од Супер радио, кои се носители на проектот.

IMG_3935

Охрид во 10 на 1. септември 2017 година

Проектот „Охрид во 10“, покрај на Facebook, веќе доби и сопствена веб страна, а фотографиите секој ден ќе бидат објавувани и на информативниот портал OhridPress.

инфо: 01.09.2017 година

– Во Охрид денес сончево и топло време со температура до 30. степени

– Послаб земјотрес кај Ресен, почувствуван и во Охрид

– Верниците од муслиманската веросиповед го слават Курбан Бајрам

– Денес „Cirque d’Ohrid“ – еко перформанс за кревање на еколошката свест

– „З’ш Авантура“ го освои Триглав (фото)

– Советниците ќе гласаат дали да има референдум за доселување на бегалци

АД „Галеб“: Истечени се договорите, од понеделник нема бесплатен превоз за учениците

– Утре во Скребатно ќе се избира највкусното ѓомлезе

– Кривична за охриѓанец поради „предизвикување општа опасност

– Древната кинеска дисциплина Фалун Дафа во Охрид

– Охрид меѓу општините со блокирани сметки, локалните избори ќе ги плаќа државата

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука