септември 15, 2017

Охрид, 15. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress го спроведува проектот „Охрид во 10“, во рамките на кој Ви нуди дневна фотографија од Охрид снимена од една точка, која го прикажува во неговата комплетна раскош и убавина.

– Идејата е да го видиме Охрид од една точка на сонце, снег, дожд, по убаво и по лошо време, како потврда за неговата безвременска убавина. Одбравме една точка која е исклучително препознатлива и го прикажува токму онаков каков што е – древен и прекрасен, но во исто време град во кој живеат луѓе кои се нераскинлив дел од светот и модерниот начин на живот. Исто така ќе се регистрираат и најважните настани кои го одбележале секој ден и ќе биде како еден календар на живеењето на градот во 2017-та година. Сакаме на крајот сетоа тоа да го издадеме и во групна – принтана форма, но за тоа на крајот на следната година, велат од Супер радио, кои се носители на проектот.

IMG_4384

Охрид во 10 на 15. септември 2017 година

Проектот „Охрид во 10“, покрај на Facebook, веќе доби и сопствена веб страна, а фотографиите секој ден ќе бидат објавувани и на информативниот портал OhridPress.

инфо: 15.09.2017 година

– Во Охрид се одржуваат 14-те Синдикални игри и средби на членовите на Македонскиот полициски синдикат

– Тројца кандидати за градоначалник на Охрид и пет листи за новиот состав на охридскиот совет

– Погодете го производот на „Витаминка“ на терасата на „Shilla“ и добивате вредни награди

– Расте бројот на превезени патници од охридскиот аеродром

– Министерот Спасовски ги отвори Синдикалните игри и средби во Охрид

– Од утре времен режим на сообраќај од Пресека до Песочан

– Отворена фабриката на „ОДВ Електрик“ во ТИРЗ Охрид/Струга

– Јубилеј 50 години МПЦ-ОА и 50 години Дебарско-кичевска епархија

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука