Избор Охрид Охрид во 10

„Охрид во 10“ – 26. септември 2017

Охрид, 26. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress го спроведува проектот „Охрид во 10“, во рамките на кој Ви нуди дневна фотографија од Охрид снимена од една точка, која го прикажува во неговата комплетна раскош и убавина.

– Идејата е да го видиме Охрид од една точка на сонце, снег, дожд, по убаво и по лошо време, како потврда за неговата безвременска убавина. Одбравме една точка која е исклучително препознатлива и го прикажува токму онаков каков што е – древен и прекрасен, но во исто време град во кој живеат луѓе кои се нераскинлив дел од светот и модерниот начин на живот. Исто така ќе се регистрираат и најважните настани кои го одбележале секој ден и ќе биде како еден календар на живеењето на градот во 2017-та година. Сакаме на крајот сетоа тоа да го издадеме и во групна – принтана форма, но за тоа на крајот на следната година, велат од Супер радио, кои се носители на проектот.

IMG_4634

Охрид во 10 на 26. септември 2017 година

Проектот „Охрид во 10“, покрај на Facebook, веќе доби и сопствена веб страна, а фотографиите секој ден ќе бидат објавувани и на информативниот портал OhridPress.

инфо: 26.09.2017 година

– Со митинг од Охрид, ВМРО ДПМНЕ ја стартуваше кампањата за локалните избори

– СДСМ: Ветувањата се плодна почва за популистичката политика на ВМРО-ДПМНЕ

– ВМРО-ДПМНЕ: Лагите на СДС веќе не минуваат кај граѓаните

– Тилевски: Со нови проекти на ВМРО-ДПМНЕ до победа уште во првиот круг

– Болничар одзел злато од мртва пациентка, па се обидел да ги продаде во златара каде работела внука на починатата!

– Угреновиќ и денес не се појави на рочиште, судот му одреди притвор

– Стојаноски: Ќе бидеме подеднакво посветени и на урбаните и на руралните средини

– ВМРО-ДПМНЕ: СДС Охрид ги копира нашите проекти кои претходно ги критикуваше

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави