октомври 3, 2017

Охрид, 3. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress го спроведува проектот „Охрид во 10“, во рамките на кој Ви нуди дневна фотографија од Охрид снимена од една точка, која го прикажува во неговата комплетна раскош и убавина.

– Идејата е да го видиме Охрид од една точка на сонце, снег, дожд, по убаво и по лошо време, како потврда за неговата безвременска убавина. Одбравме една точка која е исклучително препознатлива и го прикажува токму онаков каков што е – древен и прекрасен, но во исто време град во кој живеат луѓе кои се нераскинлив дел од светот и модерниот начин на живот. Исто така ќе се регистрираат и најважните настани кои го одбележале секој ден и ќе биде како еден календар на живеењето на градот во 2017-та година. Сакаме на крајот сетоа тоа да го издадеме и во групна – принтана форма, но за тоа на крајот на следната година, велат од Супер радио, кои се носители на проектот.

IMG_5444

Охрид во 10 на 3. октомври 2017 година

Проектот „Охрид во 10“, покрај на Facebook, веќе доби и сопствена веб страна, а фотографиите секој ден ќе бидат објавувани и на информативниот портал OhridPress.

инфо: 03.10.2017 година

– Во Охрид денес сончево време со локална облачност и температура до 21. степени

– 74 години од издавањето на Манифестот на НОВ во Црвена Вода

– Ќе се појави ли Угреновиќ денес во охридскиот основен суд?

– Тилевски: Целиот Кеј ќе добие комплетно нов лик

– Угреновиќ не се појави, Судот не добил известување дали е пронајден

– Најмладите го бараа скриеното богатство во Игротеката на „Тамаро“ со „Витаминка“ (Фото)

– Тунтев: Со гасификација на Охрид до подобар квалитет на животот на сите граѓани

– Митаноски: Го реафирмираме барањето, македонската државност, наместо во Пелинце, да се одбележува во Црвена Вода

– Доза убавина: Охрид на 03.10.2017 година (Фото)

– Промоција на книга со илустрации на стрип цртачот Игор Јовчевски во Shilla

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука