октомври 6, 2017

Охрид, 6. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress го спроведува проектот „Охрид во 10“, во рамките на кој Ви нуди дневна фотографија од Охрид снимена од една точка, која го прикажува во неговата комплетна раскош и убавина.

– Идејата е да го видиме Охрид од една точка на сонце, снег, дожд, по убаво и по лошо време, како потврда за неговата безвременска убавина. Одбравме една точка која е исклучително препознатлива и го прикажува токму онаков каков што е – древен и прекрасен, но во исто време град во кој живеат луѓе кои се нераскинлив дел од светот и модерниот начин на живот. Исто така ќе се регистрираат и најважните настани кои го одбележале секој ден и ќе биде како еден календар на живеењето на градот во 2017-та година. Сакаме на крајот сетоа тоа да го издадеме и во групна – принтана форма, но за тоа на крајот на следната година, велат од Супер радио, кои се носители на проектот.

IMG_5943

Охрид во 10 на 6. октомври 2017 година

Проектот „Охрид во 10“, покрај на Facebook, веќе доби и сопствена веб страна, а фотографиите секој ден ќе бидат објавувани и на информативниот портал OhridPress.

инфо: 06.10.2017 година

– Метео: Во Охрид денес сончево и релативно топло време со температура до 23. степени

– Претседателот Иванов во Охрид ќе ја отвори Конференцијата на Кина и земјите од Централна и Источна Европа

– Во Охрид се одржува третиот меѓународен филозофски дијалог „Исток-Запад“

– Со историски час се одбележуваат 1003 години од смртта на Цар Самоил

– Тилевски: Ќе продолжиме со реализација на проектите за зајакнување на инфрастуктурата на Охрид

– ОУ „Св. Климент Охридски“ доби нова канцеларија и училница

– Охрид остана без Дневниот центар за лица кои употребуваат дрога

– Стојаноски: Предвидуваме доизградба и санација на колекторскиот систем

– Помалку сообраќајќи евидентирани во текот на летната сезона во Охрид, сообраќајната култура „на ниво“

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука