Охрид, 9. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress го спроведува проектот „Охрид во 10“, во рамките на кој Ви нуди дневна фотографија од Охрид снимена од една точка, која го прикажува во неговата комплетна раскош и убавина.
– Идејата е да го видиме Охрид од една точка на сонце, снег, дожд, по убаво и по лошо време, како потврда за неговата безвременска убавина. Одбравме една точка која е исклучително препознатлива и го прикажува токму онаков каков што е – древен и прекрасен, но во исто време град во кој живеат луѓе кои се нераскинлив дел од светот и модерниот начин на живот. Исто така ќе се регистрираат и најважните настани кои го одбележале секој ден и ќе биде како еден календар на живеењето на градот во 2017-та година. Сакаме на крајот сетоа тоа да го издадеме и во групна – принтана форма, но за тоа на крајот на следната година, велат од Супер радио, кои се носители на проектот.
Охрид во 10 на 9. октомври 2017 година
Проектот „Охрид во 10“, покрај на Facebook, веќе доби и сопствена веб страна, а фотографиите секој ден ќе бидат објавувани и на информативниот портал OhridPress.
инфо: 09.10.2017 година
– Денес е Светски ден за заштита од пожари, на охридската единица и треба специјална противпожарна опрема со сите стандарди и норми
– Стојаноски: Спортот ме релаксира, Роби Вилијамс има посебно место во мојот живот
– ТАВ: 1,6 милиони патници патувале преку македонските аеродроми во првите 9 месеци
– Денешниот земјотрес беше со магнитуда од 3,4 степени по Рихтер
– Стојаноски: Охрид да биде најважна точка меѓу европските и светски културни центри и градови на езера
– Владата преговара со турски „ОнурЕр“ за нова авио линија Охрид-Истанбул
– Тилевски: Ќе ја вратиме автентичноста и сјајот на Охридската Чаршија
– Метео: Сончево и потопло време во Охрид со температура до 17. степени
– Земјотрес претпладнево ги вознемири охриѓани