Охрид, 10. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress го спроведува проектот „Охрид во 10“, во рамките на кој Ви нуди дневна фотографија од Охрид снимена од една точка, која го прикажува во неговата комплетна раскош и убавина.
– Идејата е да го видиме Охрид од една точка на сонце, снег, дожд, по убаво и по лошо време, како потврда за неговата безвременска убавина. Одбравме една точка која е исклучително препознатлива и го прикажува токму онаков каков што е – древен и прекрасен, но во исто време град во кој живеат луѓе кои се нераскинлив дел од светот и модерниот начин на живот. Исто така ќе се регистрираат и најважните настани кои го одбележале секој ден и ќе биде како еден календар на живеењето на градот во 2017-та година. Сакаме на крајот сетоа тоа да го издадеме и во групна – принтана форма, но за тоа на крајот на следната година, велат од Супер радио, кои се носители на проектот.
Охрид во 10 на 10. октомври 2017 година
Проектот „Охрид во 10“, покрај на Facebook, веќе доби и сопствена веб страна, а фотографиите секој ден ќе бидат објавувани и на информативниот портал OhridPress.
инфо: 10.10.2017 година
– Во Охрид денес сончево време со умерена облачност и температура до 17. степени
– Донација за подрачното училиште од селото Требеништа во рамките на акцијата „Го сакам Охрид, ја сакам Витаминка“
– Детска недела во ОУ „Св. Климент Охридски“
– Тилевски: Подобар стандард и нови работни места за подобрување на квалитетот на животот
– Одговорните без одговор за проблемот со кучињата скитници (Фото)
– Маркоски: Граѓаните да ги проверат евентуалните оштетувања на оџаците
– Финишираат градежните работи на дел од булеварот „Туристичка“
– Ставрески: Создаваме модерен спортски комплекс во рамки на спортско рекреативниот центар „Билјанини Извори“
– Тилевски: Љубител сум на музика, но Стинг нема да го слушам во живо поради изборниот ден
– Одделенијата за управни работи ќе работат и на 14-ти и 15-ти октомври
– Двегодишното дете од Охрид починало од сепса
– Тилевски vs Стојаноски на Facebook: 3.780 – 3.170 поддржувачи