Избор Охрид Охрид во 10

„Охрид во 10“ – 21. декември 2017

Охрид, 21. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress го спроведува проектот „Охрид во 10“, во рамките на кој Ви нуди дневна фотографија од Охрид снимена од една точка, која го прикажува во неговата комплетна раскош и убавина.

– Идејата е да го видиме Охрид од една точка на сонце, снег, дожд, по убаво и по лошо време, како потврда за неговата безвременска убавина. Одбравме една точка која е исклучително препознатлива и го прикажува токму онаков каков што е – древен и прекрасен, но во исто време град во кој живеат луѓе кои се нераскинлив дел од светот и модерниот начин на живот. Исто така ќе се регистрираат и најважните настани кои го одбележале секој ден и ќе биде како еден календар на живеењето на градот во 2017-та година. Сакаме на крајот сетоа тоа да го издадеме и во групна – принтана форма, но за тоа на крајот на следната година, велат од Супер радио, кои се носители на проектот.

IMG_0294

Охрид во 10 на 21. декември 2017 година

Проектот „Охрид во 10“, покрај на Facebook, веќе доби и сопствена веб страна, а фотографиите секој ден ќе бидат објавувани и на информативниот портал OhridPress.

инфо: 21.12.2017 година

– Во знак на поддршка на уставобранителите, ВМРО-ДПМНЕ попладне ќе го блокира кружниот тек кај Охридска Банка

– Опозицијата ја бојкотира работата на градскиот Совет

СВР Охрид на работен состанок со Агенциите за обезбедување

Тросменско работење и зголемени активности на ЈП „Охридски комуналец“ во пресрет на празниците

Каневче: Минатата година им помогнавме на 40-тина ученици, а тоа го правиме и годинава по осми пат

ВМРО-ДПМНЕ попладнево го блокира кружниот тек кај Охридска Банка (Фото)

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука