Охрид, 17. ноември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Со организирана посета на фабриката на „Витаминка“ во Прилеп, денес и официјално заврши проектот „Го сакам Охрид, ја сакам Витаминка“, кој периодов наназад го организираа „Витаминка“, „Тамаро“ маркетите и Супер радио.
– Нашите нови пријатели – уметници, кои ги имаа најдобрите цртежи на ликовниот конкурс, заедно со еден од родителите поминаа супер интересен ден со посета на фабриката на „Витаминка“ во Прилеп. Тие се покажаа како одлични домаќини и нашите млади уметници добија многу вредни подароци, се запознаа како се произведуваат највкусните „Витаминка“ производи и имаа уште еден ден за паметење со „Витаминка“, „Тамаро“ и Супер радио, информираат организаторите.
Претходно, полни два месеци беа месеци на „Витаминка“ во Охрид. Имавме секојдневни награди за слушателите на Супер радио, награди за сите купувачи во „Тамаро“, дониравме за училиштата во Охрид и Дебрца, имавме наградна сложувалка на терасата на кафе бар Shilla, го баравме скриеното богатство во Игротеката на „Тамаро“, избиравме најубава торта направена со производите на „Витаминка“, игравме кошарка за вредни награди и уште многу многу забава, се` заедно спакувано во два месеци на „Витаминка“ во Охрид.
Една од најинтересните активности во склоп на овој проект беше секако и ликовниот конкурс во кој младите охриѓанчиња цртаа на тема Охрид. Наградите на најдобрите им беа доделени на големата забава која неодамна се одржа во кафе барот Shilla во Охрид.
Ова е само продолжение на супер атрактивните проекти кои охридските „Тамаро“ маркети ги спроведуваат периодов наназад со Супер радио, водечката локална радио станица во државата. Изминатото лето се забавувавме со „Супер Винчини летото“на плажата „Амброзија“, имавме супер дружба во „Аквариус“ со „Златен даб“, неповторливи забави со Илија Богданоски од OhridSUPERSTAR заедно со Nescafe во „Тамаро“ маркетите, „Подравка летото со Лино“ и многу други.
Од Тамаро и Супер радио додаваат дека следуваат уште многу вакви интересни проекти, посебни акции и настани за Нова година и празниците, како и супер изненадувања за купувачите на Тамаро и слушателите на Супер радио. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес