Охрид, 01. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress го започна проектот „Охрид во 10“, во рамките на кој Ви нуди дневна фотографија од Охрид снимена од една точка, која го прикажува во неговата комплетна раскош и убавина.
– Идејата е да го видиме Охрид од една точка на сонце, снег, дожд, по убаво и по лошо време, како потврда за неговата безвременска убавина. Одбравме една точка која е исклучително препознатлива и го прикажува токму онаков каков што е – древен и прекрасен, но во исто време град во кој живеат луѓе кои се нераскинлив дел од светот и модерниот начин на живот. Исто така ќе се регистрираат и најважните настани кои го одбележале секој ден и ќе биде како еден календар на живеењето на градот во 2017-та година. Сакаме на крајот сетоа тоа да го издадеме и во групна – принтана форма, но за тоа на крајот на следната година, велат од Супер радио, кои се носители на проектот.
Охрид во 10 на 01.04.2017 година
Проектот „Охрид во 10“, покрај на Facebook, веќе доби и сопствена веб страна, а фотографиите секој ден ќе бидат објавувани и на информативниот портал OhridPress. (Крај)
инфо: 01.04.2017 година
– Денес во салата на Центарот за култура „Григор Прличев“ се правеа финалните подготовки за утрешното полуфинале на Ohrid SUPERSTAR.
– Пред утрешното полуфинале, вечерва ќе се емитува втората елиминациона аудиција на Талент шоуто Ohrid SUPERSTAR на О2 телевизија
– Се зголемува популарноста на емисијата „Ги плаќаме Вашите сметки“ на Супер радио и О2 телевизија
– Во Охрид преовладуваше претежно сончево и ведро време
– Од денес повторно е отворен за сообраќај Регионалниот пат Р-2332, на патниот правец Ресен – Охрид, кој води преку националниот парк Галичица
– Двајца млади Французи со поставена цел да го обиколат светот, поминаа низ Охрид
– Фотографијата на охриѓанецот Полкап „Boat house” во избор на 5-те најдобри на фото магазинот Selección 3F
– Од Здружението за заштита на животните „Анималија“ од Охрид реагираат дека труењето на животни во Охрид не престанува, последен случај е отруено куче на сред детско игралиште