Охрид, 14. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress го започна проектот „Охрид во 10“, во рамките на кој Ви нуди дневна фотографија од Охрид снимена од една точка, која го прикажува во неговата комплетна раскош и убавина.
– Идејата е да го видиме Охрид од една точка на сонце, снег, дожд, по убаво и по лошо време, како потврда за неговата безвременска убавина. Одбравме една точка која е исклучително препознатлива и го прикажува токму онаков каков што е – древен и прекрасен, но во исто време град во кој живеат луѓе кои се нераскинлив дел од светот и модерниот начин на живот. Исто така ќе се регистрираат и најважните настани кои го одбележале секој ден и ќе биде како еден календар на живеењето на градот во 2017-та година. Сакаме на крајот сетоа тоа да го издадеме и во групна – принтана форма, но за тоа на крајот на следната година, велат од Супер радио, кои се носители на проектот.
Охрид во 10 на 14.03.2017 година
Проектот „Охрид во 10“, покрај на Facebook, веќе доби и сопствена веб страна, а фотографиите секој ден ќе бидат објавувани и на информативниот портал OhridPress.
инфо: 14.03.2017 година
– Ќе се гради хотелски комплекс кај Лагадин, од Општина Охрид со став дека при целата постапка за донесувањето на Општиот акт за село Лагадин е постапено согласно законските прописи со целосно почитување на законската регулатива
– Проф. Д-р Ангел Ристов, претседател на здружението „Јуридика Прима“ најави дека Охридската школа на правото, која ќе се одржи во мај, ќе придонесе за подобрување на законската регулатива во однос на човековите права
– Средношколци од „Свети Наум Охридски“ реализираа посета на Супер радио
– Ученици од ОЕМУЦ „Свети Наум Охридски“ Охрид освоија второ место на натпревар по информатика во Битола
– УЈП со предупредување до граѓаните: Последен рок од пријавување Годишна даночна пријава
– Македонската пејачка Кристина Арнаудова со повик до волонтери од Охрид и Струга да се собираат средства за матурантите што не можат да си дозволат свечена облека