Охрид, 22. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress го започна проектот „Охрид во 10“, во рамките на кој Ви нуди дневна фотографија од Охрид снимена од една точка, која го прикажува во неговата комплетна раскош и убавина.
– Идејата е да го видиме Охрид од една точка на сонце, снег, дожд, по убаво и по лошо време, како потврда за неговата безвременска убавина. Одбравме една точка која е исклучително препознатлива и го прикажува токму онаков каков што е – древен и прекрасен, но во исто време град во кој живеат луѓе кои се нераскинлив дел од светот и модерниот начин на живот. Исто така ќе се регистрираат и најважните настани кои го одбележале секој ден и ќе биде како еден календар на живеењето на градот во 2017-та година. Сакаме на крајот сетоа тоа да го издадеме и во групна – принтана форма, но за тоа на крајот на следната година, велат од Супер радио, кои се носители на проектот.
Охрид во 10 на 22.03.2017 година
Проектот „Охрид во 10“, покрај на Facebook, веќе доби и сопствена веб страна, а фотографиите секој ден ќе бидат објавувани и на информативниот портал OhridPress. (Крај)
инфо: 22.03.2017 година
– Преку програмата на 7 регионални телевизии ширум државата, Талент Шоуто OhridSUPERSTAR ќе стигне до публиката во целата држава
– Македонија го одбележува Светски Ден на водите, во Скопје се одржа тркалезна маса за заштитата на Охридското Езеро
– Факултетот за Туризам и угостителство – Охрид ги повика заинтересираните студенти за учество во промотивна средба за Е+ програмата
– Последниот рок за аплицирање за сите претпријатија, кои сакаат да бидат дел од дводневната практична работилница која ќе се одржи во Охрид наредниот месец
– Преку програмата Цивика мобилитас на Швајцарската агенција за развој и соработка, најавен е настанот Младинска академија кој ќе се одржи во Охрид
– Православните верници го одбележуваат празникот Младенци – Свети 40 Маченици
– Таеквондо клубот ХВА РАНГ ИТФ од Лескоец на натпреварот „Чешка Опен 2017“ освоија 8 медали