Охрид, 22. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress го спроведува проектот „Охрид во 10“, во рамките на кој Ви нуди дневна фотографија од Охрид снимена од една точка, која го прикажува во неговата комплетна раскош и убавина.
– Идејата е да го видиме Охрид од една точка на сонце, снег, дожд, по убаво и по лошо време, како потврда за неговата безвременска убавина. Одбравме една точка која е исклучително препознатлива и го прикажува токму онаков каков што е – древен и прекрасен, но во исто време град во кој живеат луѓе кои се нераскинлив дел од светот и модерниот начин на живот. Исто така ќе се регистрираат и најважните настани кои го одбележале секој ден и ќе биде како еден календар на живеењето на градот во 2017-та година. Сакаме на крајот сетоа тоа да го издадеме и во групна – принтана форма, но за тоа на крајот на следната година, велат од Супер радио, кои се носители на проектот.
Охрид во 10 на 22. септември 2017 година
Проектот „Охрид во 10“, покрај на Facebook, веќе доби и сопствена веб страна, а фотографиите секој ден ќе бидат објавувани и на информативниот портал OhridPress.
инфо: 22.09.2017 година
– Во Охрид денес променливо облачно и свежо време со температура до 18. степени
– Заминува летото, денес календарски почнува есента
– Ден без автомобили во Охрид
– Потпишан Договор за соработка на ветеринарните комори на Македонија, Србија и на Бугарија
– Црвен крст распиша конкурс за расказ и фотографија на тема „Препознавање на различности“
– ОУ „Братство и Единство“ дел од меѓународна мрежа со интегрираното образование во мултиетничка средина
– Сообраќајка на „Туристичка“, повреден велосипедист
– Избори се ближат, се поставуваат нови „легнати полицајци“ (Фото)
– Советување на МАКО СИГРЕ во Охрид
– Изворите кои го снабдуваат Охрид со вода се со намалена издашност, градот се снабдува со езерска вода
– Кучиња скитници и натаму „владеат“ со охридските улици
– Kатрин Фриинсфелд, културно аташе во германската амбасадата во посета на ОУ „Дебрца“
– По случајот во Охрид Комисијата против дискриминација го брани правото на носење верски симболи