Охрид, 25. јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress го спроведува проектот „Охрид во 10“, во рамките на кој Ви нуди дневна фотографија од Охрид снимена од една точка, која го прикажува во неговата комплетна раскош и убавина.
– Идејата е да го видиме Охрид од една точка на сонце, снег, дожд, по убаво и по лошо време, како потврда за неговата безвременска убавина. Одбравме една точка која е исклучително препознатлива и го прикажува токму онаков каков што е – древен и прекрасен, но во исто време град во кој живеат луѓе кои се нераскинлив дел од светот и модерниот начин на живот. Исто така ќе се регистрираат и најважните настани кои го одбележале секој ден и ќе биде како еден календар на живеењето на градот во 2017-та година. Сакаме на крајот сетоа тоа да го издадеме и во групна – принтана форма, но за тоа на крајот на следната година, велат од Супер радио, кои се носители на проектот.
Охрид во 10 на 25.07.2017 година
Проектот „Охрид во 10“, покрај на Facebook, веќе доби и сопствена веб страна, а фотографиите секој ден ќе бидат објавувани и на информативниот портал OhridPress
инфо: 25.07.2017 година
– Тлото не мирува, повторно земјотреси ги вознемирија охриѓани
– Од на есен во Охрид ќе почне со работа Академија за програмирање
– Паскали Бунташеска разрешена од директорската позиција во Завод и музеј, за в.д директор назначена Елеонора Новакоска
– Во ученичкиот дом „Ванчо Питошески“ во Охрид има уште 41 слободно легло
– Угреновиќ не се чувствувал виновен за убиството на Матилоски, одложена главната расправа во повторениот судски процес
– Нов земјотрес во Охрид од 3,1 степени