април 27, 2017

Охрид, 27. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress го започна проектот „Охрид во 10“, во рамките на кој Ви нуди дневна фотографија од Охрид снимена од една точка, која го прикажува во неговата комплетна раскош и убавина.

– Идејата е да го видиме Охрид од една точка на сонце, снег, дожд, по убаво и по лошо време, како потврда за неговата безвременска убавина. Одбравме една точка која е исклучително препознатлива и го прикажува токму онаков каков што е – древен и прекрасен, но во исто време град во кој живеат луѓе кои се нераскинлив дел од светот и модерниот начин на живот. Исто така ќе се регистрираат и најважните настани кои го одбележале секој ден и ќе биде како еден календар на живеењето на градот во 2017-та година. Сакаме на крајот сетоа тоа да го издадеме и во групна – принтана форма, но за тоа на крајот на следната година, велат од Супер радио, кои се носители на проектот.

IMG_1356
Охрид во 10 на 27.04.2017 година

Проектот „Охрид во 10“, покрај на Facebook, веќе доби и сопствена веб страна, а фотографиите секој ден ќе бидат објавувани и на информативниот портал OhridPress

инфо: 27.04.2017 година

– Хотелиерите задоволни од резервациите: За Први Мај во Охрид најмногу гости ќе има од Западна Европа и Турција

Нешнал Географик – Бугарија пишува за убавините на Охрид и Македонија

– Одобрени средства за исплата на долгот на веслачкиот клуб „Југ”

– Претставници на Американската амбасада на ФТУ Охрид ги презентираа образовните програми за студирање во САД

– „Охрид ЅОЅ“ потврдуваат дека ќе се работи студија за валоризација на Студенчишко блато

– До утре пријавување за обуки за граѓанско новинарство за граѓани од охридско

Сојузот на борците од Охрид утре ќе ја одбележат 73 годишнината од битката кај Српница

– Најавено дека бендови од Данска ќе настапуваат во Охрид на шестиот фестивал „Truck and Roll“

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука