септември 27, 2017

Охрид, 27. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress го спроведува проектот „Охрид во 10“, во рамките на кој Ви нуди дневна фотографија од Охрид снимена од една точка, која го прикажува во неговата комплетна раскош и убавина.

– Идејата е да го видиме Охрид од една точка на сонце, снег, дожд, по убаво и по лошо време, како потврда за неговата безвременска убавина. Одбравме една точка која е исклучително препознатлива и го прикажува токму онаков каков што е – древен и прекрасен, но во исто време град во кој живеат луѓе кои се нераскинлив дел од светот и модерниот начин на живот. Исто така ќе се регистрираат и најважните настани кои го одбележале секој ден и ќе биде како еден календар на живеењето на градот во 2017-та година. Сакаме на крајот сетоа тоа да го издадеме и во групна – принтана форма, но за тоа на крајот на следната година, велат од Супер радио, кои се носители на проектот.

IMG_4838

Охрид во 10 на 27. септември 2017 година

Проектот „Охрид во 10“, покрај на Facebook, веќе доби и сопствена веб страна, а фотографиите секој ден ќе бидат објавувани и на информативниот портал OhridPress.

инфо: 27.09.2017 година

– Православните верници денеска го одбележуваат празникот Крстовден

– Охрид домаќин на 6-от Конгрес на дерматовенеролози

– Охридското Езеро денес на само +4 см над нултата кота

Јанев: Со општински пари ќе се реализира проектот „здрава исхрана“ за учениците од прво до петто одделение

Стојаноски: Во туристичката понуда на Охрид ги додаваме здравствениот,спортскиот, wellness и incentive туризмот

Пурхла: Охрид ќе остане на листата на Светското културно наследство со негова континуирана заштита

– Охрид го заборави Светскиот ден на туризмот

ЕЛЕМ секојдневно на интернет ќе објавува податоци за нивото на Охридското Езеро

Бибан, кандидатка за градоначалник на Дебрца: Не гласајте за мене!

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука