Охрид, 3. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress го започна проектот „Охрид во 10“, во рамките на кој Ви нуди дневна фотографија од Охрид снимена од една точка, која го прикажува во неговата комплетна раскош и убавина.
– Идејата е да го видиме Охрид од една точка на сонце, снег, дожд, по убаво и по лошо време, како потврда за неговата безвременска убавина. Одбравме една точка која е исклучително препознатлива и го прикажува токму онаков каков што е – древен и прекрасен, но во исто време град во кој живеат луѓе кои се нераскинлив дел од светот и модерниот начин на живот. Исто така ќе се регистрираат и најважните настани кои го одбележале секој ден и ќе биде како еден календар на живеењето на градот во 2017-та година. Сакаме на крајот сетоа тоа да го издадеме и во групна – принтана форма, но за тоа на крајот на следната година, велат од Супер радио, кои се носители на проектот.
Охрид во 10 на 03.03.2017 година
Проектот „Охрид во 10“, покрај на Facebook, веќе доби и сопствена веб страна, а фотографиите секој ден ќе бидат објавувани и на информативниот портал OhridPress.
инфо: 03.03.2017 година
– Сè е подготвено за почеток на големото талент шоу Ohrid Superstar, од викендов започнуваат првите запознавања на кадидатите
– Во црквата Успение на Пресвета Богородица Каменско се служеше мало повечерие со Акатист на Пресвета Богородица
– Охридскиот екологист Климент Арнаудов, активист на граѓанската иницијатива „Охрид SOS“ алармира дека во водата кај каналот „Студенчишта“ се забележуваат голем број на изумрени единки на риби
– Се прават првите резервации за прослави на 8-ми Март, охридските угостители очекуваат солидна пополнетост на капацитетите
– Ветеранската група на КУД „Охриѓанка” се врати од турнеја и настап на Интернационалниот Фолклорен Фестивал „Ритам срца” во Сараево, Босна и Херцеговина
– Од денес започнува турнејата на Четкар во Индонезија и Тајланд
– Македонија и Албанија – единствени држави во Европа без опсерваторија, во Охрид функционира астрономско друштво
– Трет ден протести во Охрид: Да го заштитеме јазикот, културата, државата