јануари 20, 2017

Охрид, 20. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress го започна проектот „Охрид во 10“, во рамките на кој Ви нуди дневна фотографија од Охрид снимена од една точка, која го прикажува во неговата комплетна раскош и убавина.

– Идејата е да го видиме Охрид од една точка на сонце, снег, дожд, по убаво и по лошо време, како потврда за неговата безвременска убавина. Одбравме една точка која е исклучително препознатлива и го прикажува токму онаков каков што е – древен и прекрасен, но во исто време град во кој живеат луѓе кои се нераскинлив дел од светот и модерниот начин на живот. Исто така ќе се регистрираат и најважните настани кои го одбележале секој ден и ќе биде како еден календар на живеењето на градот во 2017-та година. Сакаме на крајот сетоа тоа да го издадеме и во групна – принтана форма, но за тоа на крајот на следната година, велат од Супер радио, кои се носители на проектот.

IMG_7855
Охрид во 10 на 20.01.2017 година

Проектот „Охрид во 10“, покрај на Facebook, веќе доби и сопствена веб страна, а фотографиите секој ден ќе бидат објавувани и на информативниот портал OhridPress. (Крај)

инфо: 20.01.2017 година

– По шести пат традиционално за Денот на рибарите во Охрид се приготвуваше рибна чорба, годинава поделени околу 6 илјади порции.

– Повозрасните граѓани на Охрид апелираат да се вратат дел од старите адети за Денот на рибарите.

„За добро“: Во акцијата на „Тамаро“ и Супер радио за помош на Трајан собрани 27.910 денари.

– Салоните за мебел „Гир Риг“ со донација за помош на Трајан Целески-Тачо.

– Охрид и Македонија се презентираат на Конференција за активен туризам во Лондон.

– Викенд становите се проблематични за санирање на евентуални настанати штети во водоводната мрежа.

Завршува Меѓународната конференција „Охрид – Водици 2017“.

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука