Охрид, 26. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress го започна проектот „Охрид во 10“, во рамките на кој Ви нуди дневна фотографија од Охрид снимена од една точка, која го прикажува во неговата комплетна раскош и убавина.
– Идејата е да го видиме Охрид од една точка на сонце, снег, дожд, по убаво и по лошо време, како потврда за неговата безвременска убавина. Одбравме една точка која е исклучително препознатлива и го прикажува токму онаков каков што е – древен и прекрасен, но во исто време град во кој живеат луѓе кои се нераскинлив дел од светот и модерниот начин на живот. Исто така ќе се регистрираат и најважните настани кои го одбележале секој ден и ќе биде како еден календар на живеењето на градот во 2017-та година. Сакаме на крајот сетоа тоа да го издадеме и во групна – принтана форма, но за тоа на крајот на следната година, велат од Супер радио, кои се носители на проектот.
Охрид во 10 на 26.02.2017 година
Проектот „Охрид во 10“, покрај на Facebook, веќе доби и сопствена веб страна, а фотографиите секој ден ќе бидат објавувани и на информативниот портал OhridPress. (Крај)
инфо: 26.02.2017 година
– Вечерна богослужба во црквата Успение на Пресвета Богородица Каменско
– Прочка или Велики Поклади, од утре започнуваат Велигденските пости
– Обичаи во охридско за Прочка
– Хуманитарен кошаркарски турнир за помош на Тачо
– Поставени семафорите на пресекот на „Железничка“ со „Егејска“ и „Кленоец“
– Од големите ветувања на Субрата Рој остана само таблата пред хотелот „Славија“
– Охриѓанка со помош на пријател го нападнала и ограбила 83-годишниот дедо
– Стотици Грци за Прочка во Охрид и Струга