јули 21, 2017

Охрид, 21. јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress го спроведува проектот „Охрид во 10“, во рамките на кој Ви нуди дневна фотографија од Охрид снимена од една точка, која го прикажува во неговата комплетна раскош и убавина.

– Идејата е да го видиме Охрид од една точка на сонце, снег, дожд, по убаво и по лошо време, како потврда за неговата безвременска убавина. Одбравме една точка која е исклучително препознатлива и го прикажува токму онаков каков што е – древен и прекрасен, но во исто време град во кој живеат луѓе кои се нераскинлив дел од светот и модерниот начин на живот. Исто така ќе се регистрираат и најважните настани кои го одбележале секој ден и ќе биде како еден календар на живеењето на градот во 2017-та година. Сакаме на крајот сетоа тоа да го издадеме и во групна – принтана форма, но за тоа на крајот на следната година, велат од Супер радио, кои се носители на проектот.

IMG_2576
Охрид во 10 на 21.07.2017 година

Проектот „Охрид во 10“, покрај на Facebook, веќе доби и сопствена веб страна, а фотографиите секој ден ќе бидат објавувани и на информативниот портал OhridPress

инфо: 21.07.2017 година

– Метео: Во Охрид сончево и топло време со температура до 31. степени

– Општините должат 4,6 милијарди денари, Охрид меѓу најголемите должници

– Поради дефект, Лескоец без вода до 13:00 часот

– Охрид SOS со отчет за активностите на Еко неделата

– Супер „Винчини“ лето со „Тамаро“ и Супер радио на плажа Ambrosia

– Тепачка на охридска плажа, повредени се неколку лица

– По 29-ти пат „Поетска ноќ во Велестово“

– Во текот на месец јули охридските пожарникари имале 24 интервенции за гаснење на пожар

– Во понеделник времен прекин на сообраќајот на патот Пресека-Врбјани

– СВР Охрид: По денешниот инцидент се приведени седум лица

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука