Охрид, 31. август 2017 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress го спроведува проектот „Охрид во 10“, во рамките на кој Ви нуди дневна фотографија од Охрид снимена од една точка, која го прикажува во неговата комплетна раскош и убавина.
– Идејата е да го видиме Охрид од една точка на сонце, снег, дожд, по убаво и по лошо време, како потврда за неговата безвременска убавина. Одбравме една точка која е исклучително препознатлива и го прикажува токму онаков каков што е – древен и прекрасен, но во исто време град во кој живеат луѓе кои се нераскинлив дел од светот и модерниот начин на живот. Исто така ќе се регистрираат и најважните настани кои го одбележале секој ден и ќе биде како еден календар на живеењето на градот во 2017-та година. Сакаме на крајот сетоа тоа да го издадеме и во групна – принтана форма, но за тоа на крајот на следната година, велат од Супер радио, кои се носители на проектот.
Охрид во 10 на 31. август 2017 година
Проектот „Охрид во 10“, покрај на Facebook, веќе доби и сопствена веб страна, а фотографиите секој ден ќе бидат објавувани и на информативниот портал OhridPress.
инфо: 31.08.2017 година
– Претежно сончево и топло време во Охрид со температура до 28. степени
– „The Guardian“ го смести Охрид на листата 10 најдобри европски градови покрај езера
– Креативен еко-хепенинг пред хотелот „Палас“
– Охриѓанецот д-р Никола Митровиќ – Бабе извршен директор на Фондацијата „Македонско наследство Тодор Александров Ресен“
– Над 1.100 граѓани во Охрид направиле увид во Избирачкиот список
– Бесплатни курсеви по грчки и германски јазик во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ – Каменско
– Проектни решенија за нови ликови на охридската, струшката и скопската стара чаршија
– Оштетениот главен влез во ОУ „Братство и единство“ ќе се санира, учениците во понеделник ќе влезат од задната врата