Избор Охрид Охрид во 10

„Охрид во 10“ – 7. септември 2017

Охрид, 7. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress го спроведува проектот „Охрид во 10“, во рамките на кој Ви нуди дневна фотографија од Охрид снимена од една точка, која го прикажува во неговата комплетна раскош и убавина.

– Идејата е да го видиме Охрид од една точка на сонце, снег, дожд, по убаво и по лошо време, како потврда за неговата безвременска убавина. Одбравме една точка која е исклучително препознатлива и го прикажува токму онаков каков што е – древен и прекрасен, но во исто време град во кој живеат луѓе кои се нераскинлив дел од светот и модерниот начин на живот. Исто така ќе се регистрираат и најважните настани кои го одбележале секој ден и ќе биде како еден календар на живеењето на градот во 2017-та година. Сакаме на крајот сетоа тоа да го издадеме и во групна – принтана форма, но за тоа на крајот на следната година, велат од Супер радио, кои се носители на проектот.

IMG_3952

Охрид во 10 на 7. септември 2017 година

Проектот „Охрид во 10“, покрај на Facebook, веќе доби и сопствена веб страна, а фотографиите секој ден ќе бидат објавувани и на информативниот портал OhridPress.

инфо: 07.09.2017 година

– Денес во Охрид сончево време со температура до 27. степени

Партијата на пензионерите отвори канцеларија во Охрид

– Вечерва хуманитарен пијано концерт во Охрид

– Охрид ќе трча за поддршка на ретките болести и на Интернационалниот Атлетски Маратон

– Утрешниот е неработен ден за сите граѓани

Кривична за лице од Скопје поради „предизвикување општа опасност“ во Охрид

– Со брза реакција на пожарникарите, изгаснат пожар над Рача

Емилија Петровска од OhridSUPERSTAR е најдобар дебитант на „Охрид фест“

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука