Охрид, 20. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress го спроведува проектот „Охрид во 10“, во рамките на кој Ви нуди дневна фотографија од Охрид снимена од една точка, која го прикажува во неговата комплетна раскош и убавина.
– Идејата е да го видиме Охрид од една точка на сонце, снег, дожд, по убаво и по лошо време, како потврда за неговата безвременска убавина. Одбравме една точка која е исклучително препознатлива и го прикажува токму онаков каков што е – древен и прекрасен, но во исто време град во кој живеат луѓе кои се нераскинлив дел од светот и модерниот начин на живот. Исто така ќе се регистрираат и најважните настани кои го одбележале секој ден и ќе биде како еден календар на живеењето на градот во 2017-та година. Сакаме на крајот сетоа тоа да го издадеме и во групна – принтана форма, но за тоа на крајот на следната година, велат од Супер радио, кои се носители на проектот.
Охрид во 10 на 20. септември 2017 година
Проектот „Охрид во 10“, покрај на Facebook, веќе доби и сопствена веб страна, а фотографиите секој ден ќе бидат објавувани и на информативниот портал OhridPress.
инфо: 20.09.2017 година
– Во Охрид денес променливо облачно и посвежо време со локален дожд и температура до 22. степени
– Денес охридска промоција на втората книга на Отец Пимен „Патувајќи“
– Времена измена на сообраќајот на патот Кичево-Охрид
– Продолжува ли серијата? – Земјотрес од 2,7 степени во близина на Ресен
– Во петок ќе се врши теристичка дезинсекција против комарци
– Марш на мирот во Охрид под мотото „Заедно за мир-почитување, безбедност и достоинство за сите“
– Кривична за двајца скопјани, продавале фалсификат карти за „Green beach“
– Донација за ОУ „Григор Прличев“ во рамките на акцијата „Го сакам Охрид, ја сакам Витаминка“
– Дела на Јана Наумовска изложени на групна изложба во Дубаи
– Дополнителна година и пол за доизградба на делницата Кичево-Охрид
– Најмногу туристи доаѓаат во Скопје, но најмногу ноќеваат во Охрид
– Љупчо Настоски по четврти пат учествува на локални избори како носител на независна советничка листа