септември 22, 2017

Охрид, 22. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress го спроведува проектот „Охрид во 10“, во рамките на кој Ви нуди дневна фотографија од Охрид снимена од една точка, која го прикажува во неговата комплетна раскош и убавина.

– Идејата е да го видиме Охрид од една точка на сонце, снег, дожд, по убаво и по лошо време, како потврда за неговата безвременска убавина. Одбравме една точка која е исклучително препознатлива и го прикажува токму онаков каков што е – древен и прекрасен, но во исто време град во кој живеат луѓе кои се нераскинлив дел од светот и модерниот начин на живот. Исто така ќе се регистрираат и најважните настани кои го одбележале секој ден и ќе биде како еден календар на живеењето на градот во 2017-та година. Сакаме на крајот сетоа тоа да го издадеме и во групна – принтана форма, но за тоа на крајот на следната година, велат од Супер радио, кои се носители на проектот.

IMG_4509

Охрид во 10 на 22. септември 2017 година

Проектот „Охрид во 10“, покрај на Facebook, веќе доби и сопствена веб страна, а фотографиите секој ден ќе бидат објавувани и на информативниот портал OhridPress.

инфо: 22.09.2017 година

– Во Охрид денес променливо облачно и свежо време со температура до 18. степени

– Заминува летото, денес календарски почнува есента

– Ден без автомобили во Охрид

– Потпишан Договор за соработка на ветеринарните комори на Македонија, Србија и на Бугарија

– Црвен крст распиша конкурс за расказ и фотографија на тема „Препознавање на различности“

– ОУ „Братство и Единство“ дел од меѓународна мрежа со интегрираното образование во мултиетничка средина

– Сообраќајка на „Туристичка“, повреден велосипедист

– Избори се ближат, се поставуваат нови „легнати полицајци“ (Фото)

– Советување на МАКО СИГРЕ во Охрид

– Изворите кои го снабдуваат Охрид со вода се со намалена издашност, градот се снабдува со езерска вода

– Кучиња скитници и натаму „владеат“ со охридските улици

– Kатрин Фриинсфелд, културно аташе во германската амбасадата во посета на ОУ „Дебрца“

– По случајот во Охрид Комисијата против дискриминација го брани правото на носење верски симболи

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука