Охрид, 27. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress го спроведува проектот „Охрид во 10“, во рамките на кој Ви нуди дневна фотографија од Охрид снимена од една точка, која го прикажува во неговата комплетна раскош и убавина.
– Идејата е да го видиме Охрид од една точка на сонце, снег, дожд, по убаво и по лошо време, како потврда за неговата безвременска убавина. Одбравме една точка која е исклучително препознатлива и го прикажува токму онаков каков што е – древен и прекрасен, но во исто време град во кој живеат луѓе кои се нераскинлив дел од светот и модерниот начин на живот. Исто така ќе се регистрираат и најважните настани кои го одбележале секој ден и ќе биде како еден календар на живеењето на градот во 2017-та година. Сакаме на крајот сетоа тоа да го издадеме и во групна – принтана форма, но за тоа на крајот на следната година, велат од Супер радио, кои се носители на проектот.
Охрид во 10 на 27. септември 2017 година
Проектот „Охрид во 10“, покрај на Facebook, веќе доби и сопствена веб страна, а фотографиите секој ден ќе бидат објавувани и на информативниот портал OhridPress.
инфо: 27.09.2017 година
– Православните верници денеска го одбележуваат празникот Крстовден
– Охрид домаќин на 6-от Конгрес на дерматовенеролози
– Охридското Езеро денес на само +4 см над нултата кота
– Јанев: Со општински пари ќе се реализира проектот „здрава исхрана“ за учениците од прво до петто одделение
– Стојаноски: Во туристичката понуда на Охрид ги додаваме здравствениот,спортскиот, wellness и incentive туризмот
– Пурхла: Охрид ќе остане на листата на Светското културно наследство со негова континуирана заштита
– Охрид го заборави Светскиот ден на туризмот
– ЕЛЕМ секојдневно на интернет ќе објавува податоци за нивото на Охридското Езеро
– Бибан, кандидатка за градоначалник на Дебрца: Не гласајте за мене!