Охрид, 8. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress го спроведува проектот „Охрид во 10“, во рамките на кој Ви нуди дневна фотографија од Охрид снимена од една точка, која го прикажува во неговата комплетна раскош и убавина.
– Идејата е да го видиме Охрид од една точка на сонце, снег, дожд, по убаво и по лошо време, како потврда за неговата безвременска убавина. Одбравме една точка која е исклучително препознатлива и го прикажува токму онаков каков што е – древен и прекрасен, но во исто време град во кој живеат луѓе кои се нераскинлив дел од светот и модерниот начин на живот. Исто така ќе се регистрираат и најважните настани кои го одбележале секој ден и ќе биде како еден календар на живеењето на градот во 2017-та година. Сакаме на крајот сетоа тоа да го издадеме и во групна – принтана форма, но за тоа на крајот на следната година, велат од Супер радио, кои се носители на проектот.
Охрид во 10 на 8. октомври 2017 година
Проектот „Охрид во 10“, покрај на Facebook, веќе доби и сопствена веб страна, а фотографиите секој ден ќе бидат објавувани и на информативниот портал OhridPress.
инфо: 08.10.2017 година
– Времето во Охрид променливо облачно и температура до 14. степени
– Жителите на Влашка маала секојдневно мака мачат со купишта ѓубре и кабаст отпад (Фото)
– Обид за силување во изборен штаб во селото Требеништа
– Охрид денес се капеше во убавина на октомвриското сонце (Фото)
– Талевски: Нултата точка не е изговор дека одговорните можат да користат вода од езерото
– Тилевски: Охриѓани и туристите заслужуваат нови места за рекреација на современ и модерен начин
– Обид за полов напад на кандидатка за советничка во Требеништа (ОБНОВЕНО)
– УХМР: Нашите мерења за нивото на Охридското Езеро се разликуваат за 3 см од мерењата на ЕЛЕМ