Охрид, 18. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress го започна проектот „Охрид во 10“, во рамките на кој Ви нуди дневна фотографија од Охрид снимена од една точка, која го прикажува во неговата комплетна раскош и убавина.
– Идејата е да го видиме Охрид од една точка на сонце, снег, дожд, по убаво и по лошо време, како потврда за неговата безвременска убавина. Одбравме една точка која е исклучително препознатлива и го прикажува токму онаков каков што е – древен и прекрасен, но во исто време град во кој живеат луѓе кои се нераскинлив дел од светот и модерниот начин на живот. Исто така ќе се регистрираат и најважните настани кои го одбележале секој ден и ќе биде како еден календар на живеењето на градот во 2017-та година. Сакаме на крајот сетоа тоа да го издадеме и во групна – принтана форма, но за тоа на крајот на следната година, велат од Супер радио, кои се носители на проектот.
Охрид во 10 на 18.04.2017 година
Проектот „Охрид во 10“, покрај на Facebook, веќе доби и сопствена веб страна, а фотографиите секој ден ќе бидат објавувани и на информативниот портал OhridPress.
инфо: 18.04.2017 година
– Метеоролозите најавуваат поројни врнежи и заладување на времето
– Трет ден Велигден
– Изданието Balkan Insight со коментар дека масовниот туризам може негативно да влијае на Охрид
– Се уредуваат тротоарите на влезот во Охрид, а настрадаа дел од дрвјата по булеварот „Туристичка“
– Тешко повреден работник кој работел на џамијата во центарот на Охрид
– In Memoriam: Почина Перо Петрески Калимеро
– Охриѓанец ја украл цела покуќнина од индивидуален објект за домување
– Охриѓанецот Игор Јованоски е избран за најуспешен продавач на брендот „Волво“ во Шведска
– „Пакомак“ по спроведената анкета во Охрид и другите градови: Недоволно се рециклира отпад во македонските градови
– Поскапување на бензините
– Времен сообраќаен режим на делницата Кичево-Охрид
– Регионалните игри жогарија денес се одржуваат во Охрид
– Филмското училиште „Тинтири минтири“ најави дека летово во Охрид ќе организира филмски кампови за деца
– Вечерва повторно ќе се прикажува претставата „Аналфабет“ пред охриѓани
– За 7% зголемен бројот на патници на аеродромите во првиот квартал
– Тешко повреден работник кој работел на џамијата во центарот на Охрид