септември 19, 2017

Охрид, 19. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress го спроведува проектот „Охрид во 10“, во рамките на кој Ви нуди дневна фотографија од Охрид снимена од една точка, која го прикажува во неговата комплетна раскош и убавина.

– Идејата е да го видиме Охрид од една точка на сонце, снег, дожд, по убаво и по лошо време, како потврда за неговата безвременска убавина. Одбравме една точка која е исклучително препознатлива и го прикажува токму онаков каков што е – древен и прекрасен, но во исто време град во кој живеат луѓе кои се нераскинлив дел од светот и модерниот начин на живот. Исто така ќе се регистрираат и најважните настани кои го одбележале секој ден и ќе биде како еден календар на живеењето на градот во 2017-та година. Сакаме на крајот сетоа тоа да го издадеме и во групна – принтана форма, но за тоа на крајот на следната година, велат од Супер радио, кои се носители на проектот.

IMG_4454_G

Охрид во 10 на 19. септември 2017 година

Проектот „Охрид во 10“, покрај на Facebook, веќе доби и сопствена веб страна, а фотографиите секој ден ќе бидат објавувани и на информативниот портал OhridPress.

инфо: 19.09.2017 година

– Во Охрид денес сончево и топло време со температура до 27. степени

– Продолжува повторениот судски процес за убиството на Димитар Матилоски

– Конференција за справување со верскиот екстремизам во Охрид

– Угреновиќ не се појави на главната расправа, Кривичниот совет донел решение за изрекување мерки на претпазливост

– Републичка туристичка инспекција за дивите водичи и непријавените капацитети кои се провлекуваат во текот на сезоната

– Омбудсман: На девојчињата во Охрид да им се дозволи со шамија да ја следат наставата

– Тилевски под број 13, за Стојановски 19, Стевоски 44, вака ќе изгледа гласачкото ливче за градоначалник на Охрид

– Утре времена измена на сообраќајот на патот Кичево-Охрид

– Истражување на Макфакс: Ако е неопходно, ќе има и уривање во Охрид! (втор дел)

– МОН: Директорите да одлучуваат дали ќе дозволат носење шамии на часови

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука