Охрид, 23. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress го започна проектот „Охрид во 10“, во рамките на кој Ви нуди дневна фотографија од Охрид снимена од една точка, која го прикажува во неговата комплетна раскош и убавина.
– Идејата е да го видиме Охрид од една точка на сонце, снег, дожд, по убаво и по лошо време, како потврда за неговата безвременска убавина. Одбравме една точка која е исклучително препознатлива и го прикажува токму онаков каков што е – древен и прекрасен, но во исто време град во кој живеат луѓе кои се нераскинлив дел од светот и модерниот начин на живот. Исто така ќе се регистрираат и најважните настани кои го одбележале секој ден и ќе биде како еден календар на живеењето на градот во 2017-та година. Сакаме на крајот сетоа тоа да го издадеме и во групна – принтана форма, но за тоа на крајот на следната година, велат од Супер радио, кои се носители на проектот.
Охрид во 10 на 23.05.2017 година
Проектот „Охрид во 10“, покрај на Facebook, веќе доби и сопствена веб страна, а фотографиите секој ден ќе бидат објавувани и на информативниот портал OhridPress
инфо: 23. 05.2017 година
– Денес без вода беа неколку улици во градот
– Телма: Пратеници од Охрид директни учесници во немилите настани во Собранието
– Дипломците на ФТУ едногласни: Да се вложува во активностите кои го чинат туризмот
– Свечено доделени дипломите на ФТУ Охрид
– СОСУ „Свети Кирил и Методиј“ ќе го одбележи патронатот
– Почесниот конзулат на Руската Федерација во Охрид организираше предавање за Свети Кирил и Методиј
– Малиот битолски Монмартр и годинава ќе одвива низ улиците во Вевчани и Охрид
– Во Белчишта ќе се гради еко музеј
– Таеквон-до клубот „ХВА РАНГ ИТФ“– Лескоец на меѓународниот турнир „15 Љубљана Опен“ освои 30 медали
– Се одржа настанот „Спортот и семејните вредности“