јули 23, 2017

Охрид, 23. јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress го спроведува проектот „Охрид во 10“, во рамките на кој Ви нуди дневна фотографија од Охрид снимена од една точка, која го прикажува во неговата комплетна раскош и убавина.

– Идејата е да го видиме Охрид од една точка на сонце, снег, дожд, по убаво и по лошо време, како потврда за неговата безвременска убавина. Одбравме една точка која е исклучително препознатлива и го прикажува токму онаков каков што е – древен и прекрасен, но во исто време град во кој живеат луѓе кои се нераскинлив дел од светот и модерниот начин на живот. Исто така ќе се регистрираат и најважните настани кои го одбележале секој ден и ќе биде како еден календар на живеењето на градот во 2017-та година. Сакаме на крајот сетоа тоа да го издадеме и во групна – принтана форма, но за тоа на крајот на следната година, велат од Супер радио, кои се носители на проектот.

IMG_2620
Охрид во 10 на 23.07.2017 година

Проектот „Охрид во 10“, покрај на Facebook, веќе доби и сопствена веб страна, а фотографиите секој ден ќе бидат објавувани и на информативниот портал OhridPress

инфо: 23.07.2017 година

– Во Охрид денес сончево и топло со умерена облачност и температура до 33. степени

– Конечно Охрид со шмек на главната туристичка сезона

– Арсовски разрешен, Вренцовска нов в.д. директор на „Охридско лето“

– „Супер патрола“ – Добивате 1.000 денари ако слушате Супер радио на FM1!!!

– Партиите се за избори во октомври, сите се надеваат на победа

– Традицијата нема да згасне, започнуваат подготовките за 31-от Меѓународен атлетски маратон „Охрид 2017“

– Мишев: Со поднесените измени на законот за пушење нашите предлози вродија со плод

– Дебрца на нозе: Нема да дозволиме од светилник, да постанеме ѓубриште на историјата!?

– Инцидент на улицата „Будва“, во тепачка настрада едно лице

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука