Охрид, 26. јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress го спроведува проектот „Охрид во 10“, во рамките на кој Ви нуди дневна фотографија од Охрид снимена од една точка, која го прикажува во неговата комплетна раскош и убавина.
– Идејата е да го видиме Охрид од една точка на сонце, снег, дожд, по убаво и по лошо време, како потврда за неговата безвременска убавина. Одбравме една точка која е исклучително препознатлива и го прикажува токму онаков каков што е – древен и прекрасен, но во исто време град во кој живеат луѓе кои се нераскинлив дел од светот и модерниот начин на живот. Исто така ќе се регистрираат и најважните настани кои го одбележале секој ден и ќе биде како еден календар на живеењето на градот во 2017-та година. Сакаме на крајот сетоа тоа да го издадеме и во групна – принтана форма, но за тоа на крајот на следната година, велат од Супер радио, кои се носители на проектот.
Охрид во 10 на 26.07.2017 година
Проектот „Охрид во 10“, покрај на Facebook, веќе доби и сопствена веб страна, а фотографиите секој ден ќе бидат објавувани и на информативниот портал OhridPress
инфо: 26.07.2017 година
– Скопјанец на јавно место задоволувал полови страсти пред девојка
– Стартува Охридското Еко лето
– Школата за фудбал на Барселона од 21-ви до 27-ми август во Охрид
– КУД „Охриѓанка“ го претстави македонскиот фолклор во Италија
– Ангела Маркоска од Ohrid SUPERSTAR започна со снимањето на нејзиниот Тв проект – „Подравка лето со Лино“
– Стојаноски заминува, Стрезо Стаматовски нов директор на ЦК „Григор Прличев“ од Охрид
– Белевска разрешена од директорската позиција во НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид