март 29, 2017

Охрид, 29. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress го започна проектот „Охрид во 10“, во рамките на кој Ви нуди дневна фотографија од Охрид снимена од една точка, која го прикажува во неговата комплетна раскош и убавина.

– Идејата е да го видиме Охрид од една точка на сонце, снег, дожд, по убаво и по лошо време, како потврда за неговата безвременска убавина. Одбравме една точка која е исклучително препознатлива и го прикажува токму онаков каков што е – древен и прекрасен, но во исто време град во кој живеат луѓе кои се нераскинлив дел од светот и модерниот начин на живот. Исто така ќе се регистрираат и најважните настани кои го одбележале секој ден и ќе биде како еден календар на живеењето на градот во 2017-та година. Сакаме на крајот сетоа тоа да го издадеме и во групна – принтана форма, но за тоа на крајот на следната година, велат од Супер радио, кои се носители на проектот.

IMG_9966
Охрид во 10 на 29.03.2017 година

Проектот „Охрид во 10“, покрај на Facebook, веќе доби и сопствена веб страна, а фотографиите секој ден ќе бидат објавувани и на информативниот портал OhridPress. (Крај)

инфо: 29.03.2017 година

– Според Vouchercloud, Охрид е едно од највредните места во Македонија

– Лица од Албанија вршеле бесправна сеча на дрва на Националниот парк „Галичица“, службите во борба против пустошењето на шумите

– Народна банка на Македонија во Охрид ќе ја одбележи Глобалната недела на парите

– Во Тушемиште се одржува состанок за заштита на видовите и живеалиштата во Дримскиот басен, претставник од Охрид е Дејан Пановски од Билатералниот секретаријат за заштита на Охридското сливно подрачје

– Специјални тимови ќе ги прегледуваат засадените палми во Охрид и другите градови

– Борис Лушески од Шаховската школа „Ласкер“ вели дека има одлични млади шахисти, но недостасуваат средства за учество на турнири

Училишната спортска лига продолжува со активности, Јоне Станкоски, претставник на Сојузот на училишни спортови, смета дека од сите аспекти се социјализираат учениците кои се учесници во натпреварите

– Познатата охридска компанија „Гир Риг“, која продава мебел во своите салони во Охрид, Битола, Кичево и Струга ја доби наградата Best Brand International или „Најпопуларните за 2016 година“ за „најпопуларен салон за мебел во Битола“.

– Македонска берза најави одржување на Годишна конференција во Охрид

– Раскази на Николески и Смаќоски се застапени во Антологијата на македонскиот расказ

Охридските џиу џицу спортисти успешни на одржаното Државно првенство во Прилеп

– Охрид ќе биде домаќин на Фајнл Фор турнирот во ракомет за кадетки

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука