март 30, 2017

Охрид, 30. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress го започна проектот „Охрид во 10“, во рамките на кој Ви нуди дневна фотографија од Охрид снимена од една точка, која го прикажува во неговата комплетна раскош и убавина.

– Идејата е да го видиме Охрид од една точка на сонце, снег, дожд, по убаво и по лошо време, како потврда за неговата безвременска убавина. Одбравме една точка која е исклучително препознатлива и го прикажува токму онаков каков што е – древен и прекрасен, но во исто време град во кој живеат луѓе кои се нераскинлив дел од светот и модерниот начин на живот. Исто така ќе се регистрираат и најважните настани кои го одбележале секој ден и ќе биде како еден календар на живеењето на градот во 2017-та година. Сакаме на крајот сетоа тоа да го издадеме и во групна – принтана форма, но за тоа на крајот на следната година, велат од Супер радио, кои се носители на проектот.

IMG_9968
Охрид во 10 на 30.03.2017 година

Проектот „Охрид во 10“, покрај на Facebook, веќе доби и сопствена веб страна, а фотографиите секој ден ќе бидат објавувани и на информативниот портал OhridPress. (Крај)

инфо: 30.03.2017 година

Здружението на судска администрација на Република Македонија ќе го бојкотираат Денот на Македонското правосудство

Здравствениот и верски туризам се неискористени потенцијали за Охрид

– Дебарско – кичевската епархија ги повикува верниците утре на мало повечерие со Акатист на Пресвета Богородица, последен во Великиот пост

– Истекува рокот за доставување податоци на правните лица регистрирани за трговија со земјоделски производи

– Анастасија Чутрова – ученичка во ОУТУ „Ванчо Питошески“ освои сребрен и бронзен медал на Меѓународен натпревар за десерти

– Во Скопје вечерва ќе биде отворена изложба посветена на архитектурата на охриѓанецот Борис Чипан

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука