Охрид, 30. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress го спроведува проектот „Охрид во 10“, во рамките на кој Ви нуди дневна фотографија од Охрид снимена од една точка, која го прикажува во неговата комплетна раскош и убавина.
– Идејата е да го видиме Охрид од една точка на сонце, снег, дожд, по убаво и по лошо време, како потврда за неговата безвременска убавина. Одбравме една точка која е исклучително препознатлива и го прикажува токму онаков каков што е – древен и прекрасен, но во исто време град во кој живеат луѓе кои се нераскинлив дел од светот и модерниот начин на живот. Исто така ќе се регистрираат и најважните настани кои го одбележале секој ден и ќе биде како еден календар на живеењето на градот во 2017-та година. Сакаме на крајот сетоа тоа да го издадеме и во групна – принтана форма, но за тоа на крајот на следната година, велат од Супер радио, кои се носители на проектот.
Охрид во 10 на 30. септември 2017 година
Проектот „Охрид во 10“, покрај на Facebook, веќе доби и сопствена веб страна, а фотографиите секој ден ќе бидат објавувани и на информативниот портал OhridPress.
инфо: 30.09.2017 година
– Денес во Охрид променливо одблачно со температура до 15. степени
– Свети маченички Софија, Вера, Нада и Љубов
– Литургија по повод денешниот празник „Св. маченички Вера, Надеж, Љубов и мајка им Софија“
– ДИК: Без референдуми на денот на локалните избори, можно е да се одржи само во Дебрца
– Со свечена академија ќе се одбележат пет децении автокефалност на Македонската православна црква – Охридска архиепископија
– Пецаков: Ќе има подобри условите за спортување, натпреварување и рекреирање
– Научен собир за зачувување на габите во Охрид
– 50-годишнина од автокефалноста на МПЦ
– Мигрантската криза тема на регионалната конференција во Охрид
– Охридското Езеро денес на кота од 693,22 метри надморска височина
– Верижен судир кај Требеништа