февруари 3, 2017

Охрид, 3. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress го започна проектот „Охрид во 10“, во рамките на кој Ви нуди дневна фотографија од Охрид снимена од една точка, која го прикажува во неговата комплетна раскош и убавина.

– Идејата е да го видиме Охрид од една точка на сонце, снег, дожд, по убаво и по лошо време, како потврда за неговата безвременска убавина. Одбравме една точка која е исклучително препознатлива и го прикажува токму онаков каков што е – древен и прекрасен, но во исто време град во кој живеат луѓе кои се нераскинлив дел од светот и модерниот начин на живот. Исто така ќе се регистрираат и најважните настани кои го одбележале секој ден и ќе биде како еден календар на живеењето на градот во 2017-та година. Сакаме на крајот сетоа тоа да го издадеме и во групна – принтана форма, но за тоа на крајот на следната година, велат од Супер радио, кои се носители на проектот.

IMG_8085
Охрид во 10 на 03.02.2017 година

Проектот „Охрид во 10“, покрај на Facebook, веќе доби и сопствена веб страна, а фотографиите секој ден ќе бидат објавувани и на информативниот портал OhridPress. (Крај)

инфо: 03.02.2017 година

– Еко-свест бара нови опции во енергетскиот систем, ЕЛЕМ уверува дека нема неконтролирано испуштање на вода од Охридското Езеро

– За жал шланинарот Мишко Танески не успеа да се искачи на највисокиот врв во Јужна Америка

Заврши екстерното тестирање за матурантите

– Поштенска марка со мотиви од Охрид и Санкт Петербург

– Основното училиште „Григор Прличев“ од Охрид, ги започнува активностите за патрониот празник

– Во Охрид регистрирани најмногу случаи на заболени од грип

– Со промоција на поемата „Екот на вековите“ на Мирко Томовски започнаа Прличевите чествувања

– Дванаесет годишно момче се бори за живот откако вчера било пронајдено во бесознание на патот Охрид – Ресен  кај депонијата Буково

– Граѓаните реагираат на хигиената во градот – Охрид, Охрид убав мил, ти за нас депонија си бил

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука